5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилеп одбележува 77 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски Питу

Делегациија од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, претставници од прилепската организација на Сојузот на борци и подржувачи на НОБ, од средните училишта од Прилеп заедно со  преставници од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп  ја одбележаа 77-та годишнина од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, еден од организаторите на антифашистичкото движење во Македонија. Беа положени венци свежо цвеќе пред бистата на херојот во центарот на Прилеп, во Алејата на народните херои и пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу како и  на бистата на херојот во училиштето што гордо го носи неговото име, а беше посетена и спомен куќата на Кузман Јосифоски Питу.

– Горди сме на неговото дело и на неговите идеали и го продолжуваме патот кој што тој го трасира. Нашето училиште има кадри кои во изминатиов период оставаат белег и печат не само во нашиот град, туку и во нашето општество, односно тоа се истакнати и видни, економисти, правници, адвокати, банкари и др. Одбележувањето на патрониот празник е пригодно имајќи ја во предвид пандемијата. Свечената академија оваа година изостана, а одбележувањето ќе се реализира он- лајн на фејсбук и интернет страната на училиштето. Оваа година сакаме да ја одбележиме со една новина која се однесува на полуматурантите., бидејќи покрај постоечките струки и профили, оваа година Центарот за стручно образование лансира уште еден нов образовен профил кој што е многу значаен, а тоа е електронска трговија и дигитален маркетинг. Бидејќи изминатава година се се одвиваше преку интернет, бизнис секторот постави барање дека во секторот економија право и трговија има потреба од ваков образовен профил, посочи Билјана Марковска, директорка на СОУ  „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.

Кузман Јосифоски – Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938–1941) и на НОБ во Македонија (1941–1944). Бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Мирче Ацев). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).

Би можело да ве интересира

„Не за бугаризација“,вечерва протест во Прилеп ?!

(ВИДЕО)„Не се живее со мизерни пензии“ – 14 ти ден пензионерски протести во Прилеп

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе