4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јасмина: Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот, тие за мене ќе бидат палата и ќе направам прашинка да не падне во нив!

Каде што постои надеж, цути чудо!.“- така би ја започнале оваа приказната …но, помошата од добронамерници е секогаш потребна…

Петчленото семејството Петроски од долненското село Вранче е слика за бедата која ја носи сиромаштијата, за маката и несреќата , за суровоста која може да ја наметне судбината, за животот кој безмилосно се „поиграла“ со овие луѓе.А,несреќата да биде поголема,  болеста на сите четворица машки членови  во семејството на Јасмина само ги прават деновите потешки , а ноќите понеизвесни, во трошна куќа, која ,пак, секој момент е подготвена да се сруши.

Ставаме кебиња на вратата и прозорците навечер за да се стоплиме. Имаме две соби во кои живееме колку толку, другите се срушеија. Со години, со децении се капиме во едно старо  искршено корито. Тешко е многу и жално за децата.  А, куќата во секој момент може да не поклопи, а пред некој ден  падна таванот   ја раскажува маката 46 годишната Јасмина, мајка и сопруга единствениот „здрав„ столб  во  дом на семејството Петроски.  Животот за среќа и дарил семејство , но за несреќа не ја научил како да преживее во дом со четворица ментално и физички болни мажи, лица со попреченот.  Но, таа  покрај се упорно се бори со живот кои судбината и го доделила.

Сопругот Злаете е со слаба ментална и физичка попреченост, но за жал и нејзините три рожба, тројцата синови, се лица со попреченост. Синот Даниел и вториот син се родиле со пореченост.  А, Ивица, најмалиот син, се родил како здраво дете, но по една година од неговото раѓање здравствената состојба му се влошила и тој денес,  на 21 година возраст, не е способен сам да се грижи за себе. Веројатно во дел од нивната здравствена и ментална состојба, прсти замешала и оваа сиромаштијата па немале ниту како да се лекуваат, ниту како да се образуваат.

Сиромаштија која немилосрдно се нафрлила врз семејство веќе 20 години, никако да се искорени од нивниот дом. Напротив и покрај трудољубивата и грижлива Јасмина, бедата се зголмувала, а тешкотиите околу грижата за синовите и сопругот од ден на ден стануваат потешки, без пари и без помош.

Дотраенито дом само ја преполнил чашата на маката.

И да сакам да работам нема кој да ми ги чува децата. Кој ќе го пресоблекува, кој ќе го храни, апчиња наутро и навечер. Но и покрај се и цела ситуација во која се наоѓам не сум дозволила ниту едно дете да ми гладува. Јас ќе трпам, но тие нема. Лукче, кромтиче садиме, како и компирчиња, колку да имаме да се прехраниме. Ноќе не можам да спијам без 2,3 диазепам, се грижам да не панде кровото и да ги потисне децата. Ако почне да паѓа ако еден е буден ќе ги разбуди и другите и ќе бегаат и тие. Мора да сум будна да стражарам.„- раскажува Јасмина која е и мажи, и жена во куќата.

Не можејќи да ги остави сами своите најмили и да бара работа, таа ги прехранува со имот кој го има, една крава и едно теле. Семејството добива и социјална парчна помош во вид на нега и инвалидска пензија за сопругот, но тие средства се толку многу мали за сите рални потреби , за здравствената и егзистенционалната потреба,  на семејството, што секојдневно едвај врзува крај со крај.

Но Јасмина и покрај се не се жали! Бара само добронамерници да им изградат барем две соби и купатило да може да ги бања децата, да ја одржува хигиената во домот и да не стравува секојдневно кровот да не им паде на глава при спиење.

Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот. Тие за мене ќе бидат палата. Ќе направам, прашинка да не падне во нив. Куќата ќе ми грее. Ќе ми грее и во душата„ –  со надеж зброува таа.

И, денеска, чудо! Среќата на семејството Петкоски им се насмевна, а на радоста им немаше крај.  Започна изградбата на нивниот дом.

Благодарение на хуманоста  на неколку компаниите и физички лица собрани се дел од средства и градежн материјали,  и се поставија темелите за изградбата на куќата на семсјството Петкоски. Во нивните очи радост,  но и солзи кај Јасмина на која молбите и беа ислушани,  бидјеќи вербата во добрите луѓе никогаш не ја напуштила, како што вели таа.

Па, ѕидарите, работниците и добронамерницие денес за неа беа најсветлата точка во нејзиниот живот. Работата започна кон градење на нов дом за ова семејство.

Но , помош за семејството Петковски сеуште е потребно!  Затоа,  сите оние што сакате да му помогнете , тоа можете да го направите со вложување на средства на следната жиро-сметка: 300027056380756 Комерцијална Банка.  А, хуманитарните здруженија можат да донираа и помогнат со храна, облека, други матерјални добра, покуќнина, мебел, градежен матерјал,работна рака …

 Телефонот од Јасмина ( кој не е донаторски) е  077/690349!  Па, да помогнеме заедно!

Радио Пела го дава својот придонес и верува  дека хуамноста на добрите луѓе ќе го издигне достоинственото живеење на ова семејство!

Би можело да ве интересира

Поради високите температури од 13 – 16 јули бремените жени и лица над 6о години ослободени од работа

Финансиска помош од Витаминка за 12 годишниот Марко Пејчиновски

Прилеп го одбележа Меѓународниот Ден на Ромите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе