7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Над 20 отворени шахти низ прилепските улици поради украдени капаци – потенцијална опасност за возачите и пешаците

Граѓанска реакција! Дел од прилепските улици деновиве се соочуваат со голем и сериозен проблем  – отворени шахти и сливници, кои преставуваат огромна опасност како за возачите, така и за пешаците.

Ја покрив со гајба, да не пропадне некој или пак да не го оштети возилото во овој отвор. Јас го оштетив предното тркало. Mи се искриви бандажот на десното предно тркало, па морав да го менувам целото тркало сосе гумата. Неодговорно е ваквото однесување, бидејќи предизвикуваат животна опасност за сите, не само за нас, возачите туки и за пешаците„ -се пожали еден наш сограѓанин кои „налетал“ на отворена шахта на ул „Круме Волнароски“

 

Паднав во отворена шахта/сливница на ул Јане Сандански . Среќа не се повредив, меѓутоа многу се исплашив. Одев по крајот на улицата и ногата ,оп, ногата ми пропадна“ – раскажува  Марија Крстеска .

 

           Граѓаните велат дека знаат зошто се крадат капаците од шахтите и сливниците, но напоменуваат дека институциите треба да ја преземат обврската и некој мора да ја надокнади нивната штета.

            На повеќе од 10 улици во месец феврари регистирани се украдени шахти и сливници, велат од ЈКП Водовод и канализација, каде и се обративме за да дознаеме што се случува со отворените шахти и сливници низ прилепските улици.

 

Само во месец февруари оваа година украдени се 21 шахти и сливници, инфомираат од ЈКП „Водовод и Канализација„ –  Прилеп,  загрижени за ваквата состојба . Тие вела дека од оваа година се  соочуваат со сериозен проблем од кражба на капаци од канализационата мрежа.  Оттаму  се сомневаат дека железните шахти завршуваат на откупните пунктови за старо железо каде е можно да се продаваат, па раководството на ЈКП „Водовод и Канализација„ деновиве побараа помош од Полициската станица  Прилеп за решавање на оваа сериозен проблем со цел да се направат контроли на откупните пунктови за старо железо и да се најде начин да се сперчат кражбите.

Оваа појава предизвикува сериозен проблем во тековното функционирање на  каналзиационата мрежа, а воедно преставува и потенцијалан опасност  за граѓаните и возачите поради отворените шахти. Исто така ,набавката на нови шахти е на товар на претпријатиете, односно тоа се пари на граѓаните„– вели , директорот на ЈКП „Водовод и Канализација“, Игор Гулабоски.

Иако, феноменот на кражби на капаци од шахти и сливници воопшто не е нов, сепак, во овој период од годината, оваа вандалска појава е поинтензивна. Се претпоставува дека причина за тоа е двојната цена на откупот на старо железо, каде од 10 денари велат откупувачите на старо железо веќе се откупува за 17/20 денари за килограм.

Па, токму железните шахти кои тежат од 60 до 150 килограми и уличните решеткасти сливниците чија тежина се движи од од 30 до 60 килограми,  се мета на крадците.

Сливници во моменто недостигаат на ул.„Трајко Сандански“, „Јане Сандански„,„Круме Волнароски„ ул. „Ленин“,“Панде Чесноска„ Мукос„, на ул.„Јури Гагарин“, „Сотка Џигиџиг“ „Републиканска“…

А, препродавањето на капаците, иако е забрането со закон, сепак, се чини дека не ги плаши крадците, бидејќи појавата на нивното крадење никако да запре, или барем да се намали. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Командирот на полициската станица Прилеп Дарко Цуцулоски не информира дека постапиле по барањето на ЈКП „Водовод и Канализација“ и направиле контрола на откупните пунктови за старо железо во прилепскио регион, но не нашле траги од украдени канализацони шахти, па продолжуваат да трагаат по сторителите. Што се однесува до безбедноста на сообрајќајот при ваквата опасност на отворени шахти тој посочија дека ЈКП „Водовд и Канализација„ треба да постави соодвета сигнализација за да им сигнализираа на  возачите и граѓаните на опасноста од отворените шахти, бидејќи тоа не било во надлежност на полицијата.

По сето ова, останува апелот возачи, пешаци, велосипедисти  внимателно низ прилпските улици-може да „налетате„ на отворени шахти!

Би можело да ве интересира

Силекс триумфираше во Прилеп!

Гордана Цветаноска

Била физички нападната од сопругот, кој го оштетил и нејзиното возило

Пела Редакција

Итната медицинска помош се пресели во Градската болница Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе