1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Богата изложба на маски во пресрет на карневалот Прочка (ГАЛЕРИЈА)

Започнаа настаните поврзани со карневалот „Прочка“ во Прилеп. Денеска во ЦК Марко Цепенков беше отворена изложбата на маски на која се претставуваат неколку стотини рачно изработени маски од учениците во основните и средните училишта. Изложбата ја отвори градоначалникот Борче Јовчески кој ги пофали учениците и нивните ментори за  заложбите околу креациите создадени по повод карневалот за традиционалниот православен празник Велики Поклади – Прочка.

Комисијата награди вкупно 9 рачно изработени маски, по 3 во секоја категорија, од кои 1 е групна креација, а останатите поединечни од учениците. Ова се наградените ученици:

Први места: Димитар Талески, ученик во подрачно училиште с. Подмол, ООУ „Кирил и Методиј “ Канатларци, Андреј Бошески, ООУ „Блаже Конески“ Прилеп

Антонио Ѓурчиноски, СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. Втори места: Асад Бјелак СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, Лејла Јаховиќ ООУ „Пере Тошев“ Десово, прво 3 одделение ООУ „Климент Охридски“ Прилеп и трето место: Мелани Ристеска ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп, Андреј Митрески ООУ „Кире Гаврилоски Јане “ Прилеп и Филип Настески ООУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари.

Меѓу првонаградените е и Димитар Талески со својата уникатна маска изработена од кошница за пчели.

Јас ја изработив оваа маска со природни материјали. Ме инспирираше тоа што е плетена и ја изработив со гранки од тажна врба. Со плетење ја работев скоро еден месец. Маската претставува кошница за пчели со поставени природни материјали, рече Димитар.

Според оценката на жири комисијата овогодинешните изработки на учениците се одликуваат со уникатност и креативност што дополнително влијае врз подобрување на  квалитетот и уметничката вредност на самата изложба.

Централниот настан на Карневалот ќе биде дефилето под маски кое ќе се одржи во недела, а стартот е од пред ЦК „Марко Цепенков на пладне во 12 часот. Според програмата на Карневалот во 13 часот и 30 минути ќе следува концерт на групата Фолтин, а во понеделник во манастирот Свети Ѓорѓија е традиционалниот ручек во организација на Прилепските мечкари.

 

Би можело да ве интересира

Македонскиот петти оф роуд во Крушево е во тек

Пела Редакција

Eден нов случај на коронавирус – од почетокот на пандемијата 337 заболени

Елизабета Филипоска

Прилеп утре го одбележува Денот на ослободувањето од фашистичките окупатори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе