11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Деби за прилепчанецот Мартин Крстески во професионалниот бокс (ФОТО)

Деновиве во Устер , Швајцарија , се одржа профи бокс настан на кој боксерско деби имаше Мартин Крстески.Од страна на промотерот Флориан Гелев на оваа одлично организирана бокс манифестација беа присутни над илјада  посетители а беа прикажани и четири професионални борби во бокс , каде меч мејкер на боксерскиот настан беше Авдил Салиху.

Мартин Крстески во боксеркото деби во профи-рингот загуби со одлука на судиите , во средна категорија. Мартин го имаше за противник Рико Гигер, кој е трикратен светски шампион во кик бокс и дебитант во профи боксот.

Но, тоа беше голем мотив за нашиот боксер да се прикаже во одлично светло , вели Дарко Чатлески од ПроБокс Македонија.Во првата рунда Мартин зададе контра задно кроше кое беше доста опасно за Гигер. Откако во текот на борбата  Гигер виде опасност, тој не прифајкаше борба, работеше само од дистанца. И во втора и трета рунда имаше добри контри од страна на Мартин. Борбата заврши со победа на Гигер со едногласна одлука на судиите – истакна Чатлески за РадиоПела.

Од Тимот Чатлески за во наредниот период најавуваат и дебитантски настап на нашиот шампион во кик бокс  Даниел Стефаноски  , во професионалниот бокс , а за таа најава да се реализира потребна е потврда од менаџерскиот тим на Даниел.

Би можело да ве интересира

Победа на свој терен загуби бод

Тренерот на ФК Победа си поднесе оставка – кој ќе ја води Победа идното коло?!

Елизабета Филипоска

Нов успех 15 медали за џудистите на џудо клубот Сеишин

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе