„ Во знак на еколошка и урбана свесност, во знак на искреност и добронамерност, секоја година, цел Мај месец, градоначалникот заедно со цела општинска администрација да доаѓа на работа со точак.“ има предлог Далибор Јовановиќ на анкетата на Радио Пела „Кои се најгорливите комунални проблеми во Прилеп“.
Во услови на енергетска криза кога секојдневно се влошува со зголемување на цената на горивата, логично е да се размислува на алтернативни превозни решенија. Колку постоечката улична мрежа, сообраќајниот режим, сообраќајната култура е доволна за граѓаните да ги побараат велосипедите од визбите и почесто да ги користат? Со конкретни предлози и барања до општинската власт се обрати неформалната група на ентузијасти кои се залагаат за подобар вело Прилеп – ПрилепНаТочак, што беше повод за гостување во програмата „Радиото што се гледа“ на Даме Димески. Ова се нивните барања:
8. Сите пешачки пристапи околу основните и средните училишта да се ослободат од паркирани возила, како би се зголемила безбедноста на учениците. ОУ Кире Гаврилоски, ОУ Климент Охридски и ОУ Кочо Рацин се целосно блокирани со автомобили.
„Потребна е поголема соработка со надлежните општински институции, Градоначалникот, Советот на општината, јавните комунални претпријатија. Ние сме неформална група која што лобира за подигнување на свеста за сообраќајната велосипедска култура. Во Прилеп се регистрирани над 20 илјади возила, немаме податок колку велосипеди има, но градот има традиција за користење на велосипед, она што недостига е соодветна безбедна инфраструктура“, вели Димески.