11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Се чисти депонијата кај Касарните

Комуналци една недела ја чистат дивата депонија зад Касарната и како што информираат од јавното претпријатие „Комуналец“, досега се исчистени, транспортирани и депонирани во депонијата „Алинци“ над 500 кубни метри отпад. Се планира од оваа депонија да се исчистат уште над 300 кубни метри отпад.

 

Депонијата се простираше од почетокот на касарната, токму каде завршува улицата „Ердован Шабаноски“, па по целата површина околу бодликавата жица, кружно до патот за Вештачкото езеро.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и директорот на јавното претпријатие „Комуналец“,  Рубинчо Абрашоски, сметаат дека без оглед колку ќе чини и колку време ќе одземе од другите планирани активности, мора да се исчистат сите поголеми и помали диви депонии околу градот.

Инаку, остануваат за чистење 10 помали и две големи диви депонии, исто со по над 1000 кубни метри отпад. Едната е по патот за Вештачкото езеро од левата страна, односно колскиот пат кој води кон светски познатата карпа „Скаменета баба“, каде преку целата година доаѓаат странски туристи кои вежбаат болдеринг, а кои изминативе години редовно постираат кратки видеа на кои се истакнува негрижата за зачувувањето на околината. Воедно, ќе се чисти и дивата депонија со локација пред Градските гробишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Услугата нега и помош во домот стана дел од системот за социјална заштита

Пела Редакција

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Пела Редакција

Лоциран е загадувачот, ќе се испитува материјата која што горела во фабриката „Еуроинвест 11 Октомври“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе