1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

„Нулта толеранција кон дивите депонии„ најави градоначалникот на Новаци

Исчистена дивата депонија во атарот на село Новаци кон патот Ергела. Градоначалник на општина Новаци, Стевче Стевановски  направи увид како тече акцијата на чистење на натрупаното ѓубре и градежен шут кој тука беше одлаган и натрупан на диво.

„Екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација започнавме со отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постоеше и беше натрупан на дивата депонија во Новаци кон патот Ергела. Сите подеднакво треба да се грижиме за чиста и здрава еколошка средина. Ние како локална самоуправа ќе направиме се што е во наша моќ и надлежност за да имаме нулта толеранција кон дивите депонии, но секако дека тука треба да ги повикаме и населението и нивната свесност за одговорно однесување кон животната средина. Со вакви акции најпрво ги мапираме а секако дека ќе организираме и ќе ги исчистиме сите 7 критични точки кои се наоѓаат на наша територија. “ рече  Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

Во наредниот период работата на комуналното претпријатие  ќе се интензивира покрај со расчистување на депониите и со чистење на вегетацијата по коловозите, чистење на речните корита и одводните канали како и одржување на хигиената на јавните површини во општината. Одржувањето на хигиената во општина Новаци е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една чиста и здрава средина“, изјави Стевановски. Воедно упати апел до жителите за одговорно однесување кон животната средина за сите да ги уживаме благодетите на чиста природа, воздух и околина.

Би можело да ве интересира

Во Новаци ќе се гради една од најголемите фотонапонски централи во државата

Гордана Цветаноска

6000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Гордана Цветаноска

Oтворени 21 те Пелагониски културно научни средби во Новаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе