7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Костоски од Левица: „До кога планирате да бидете слепи за дрвократците во Прилеп?„

„Што се презема околку секојдневното уништување на шумскиот фонд и нелегална сеча на дрва?„,„ Секој ден сме сведоци на пренесување на нелагални дрва со хаварисани возила?„, „Кој мерки се преземаат да се зголеми довербата према полицијата?„ -прашаа денеска советниците на Советот Прилеп, разгледувајќи ја точката за  безбедносната состојба на Општината Прилеп во второт0 полугодие од 2021  година насловен како „Извештај од ОВР Прилеп за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за второто полугодие од 2021 година„

„До кога планирате да бидете слепи за дрвократците и да им дозволувате без возачка дозвола, често управувани од малолетници , со технички не исправни и нерегистрирани возила , да се движат по фреквентни улици , излетнинички места, на сите нас добро познати рути  Граѓаните бараат да се вопостават контролни пунктови на повеќе точки, но сеуште нема конкретно ништо. Ако немате капацитет , народот нека си ја преземе контролат – рече од говорницта советникот од Ливеца, Методија Костоски, обрајќајки му се на командирот на ОВР Прилеп , Дарко Цуцулоски и ги повика сите советници едногласно да кажат „Не „ за работата на полицијата во Прилеп и „Не„ за извештајот поднесен од  страна на командирот на ОВР Прилеп.

Командирот на ОВР Прилеп Дарко Цуцулоски во врска со нелегална сеча ,пред советниците посочи дека  секојдневно полицијата  презеаме оперативни акциски контроли, „ секојдневно имаме полиција на терен, одземање  на дрва, огревни дрва, шпедитерски возила… Јас лично вчера бев во акција во с.Оревоец, каде  беа излезени екипите и беа затекнати лицата кои пустоша низ шумите, па им се одземни дрвата ,возилата… Беа одземени 7 шпедитери.„– рече тој и нагласи дека ова е огромна проблематика и во идина сите ќе ги видата ефекти кога станува збор за  дрвократството.

Совениците ја критикуваа и безбеднста на граѓаните  во сообрајќајот, ставија акцент и на (не) безбедноста на градот, дури и го поставија прашањето на (не) доверба помеѓу граѓанин -полицац и се задржаа на нерешените кривичните пријави за време на изборниот процес,па  пристпија на гласање,

Извештајот од ОВР Прилеп за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за второто полугодие од 2021 година, не беше усвоен со оглед на тоа што 17 советници не дадоа „зелено“ светло, а  беше подржан од советниците од опозицијата кои сметаа дека, извештајот покажува дека има зголемена активност на полицијата, намалени кривични дела и  ефикасност на работата на полицијата во второто полугодије од 2021 година.

Би можело да ве интересира

Запленети 7480 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

Пела Редакција

Целосно затворен за сообраќај влезот во Прилеп од Крушево од 10 до 14 часот

Прилеп: Саем на земјоделски производи во чест на Меѓународниот ден на руралната жена (ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе