3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Министре, државата зависи од оние кои што ја хранат!!!

Со јавно соопштение во врска со денешниот состанок во Радовиш на тема тутунопроизводство, се обратија од новоформираните тутунски здруженија, во кое тие го изразуваат својот револт во врска со третманот на нивните барања, и воопшто игнорантскиот однос на власта кон земјоделците.  Го пренесуваме во целост:

„Денес во Радовиш, министерот и преставници на откупувачите во присуство СЗЗ и други политички личности одржаа тематска средба за тутунот предлог мерки решенија, цена на тутун и сл. Иако првично средбата јавно беше закажана со почеток од 11,30 часот, но поради за нив познати причини средбата била поместена за 1 час порано, кое според она што се случи на неа била планирана да се одржи со одбрани статисти и да им се оневозможи присуство на вистинските тутунари кои ќе ја кажат вистината за тутунопроизводството и земјоделието воопшто.

Иако како здруженија не бевме поканети на оваа средба, ние самоиницијативно се појавивме на овој настан, се со цел јавно да го кажеме и пренесеме мислењето на тутунарите, а тоа е дека со ваква политика и овие цени тутунопроизводството ќе згасне. Не дозволувањето од страна на министерот во целост да ги искажеме сите проблеми, како и да понудиме решенија за состојбата и неговото неприфаќање на нашите барања како максималистички, само ја покажа неговата лична ароганција кон нас тутунарите, како и кон сите земјоделци, со што, во вода паѓаат сите негови јавно декларирани ставови дека работи за доброто на земјоделците и државата. И затоа јавно го прашуваме министерот: Дали мислите дека со поканети статисти и аминџии ќе ги решите проблемите во земјоделието? Она што најмногу не’ погоди како земјоделци е обидот на господинот Бачовски, директор на платежна агенција, а со преќутното одобрување на министерот да не’ претстави нас земјоделците како ненаситни паразити, на кои државата им дава огромни субвенции, а ние сме биле неблагодарни и поради таа наша неблагодарност државата треба да размисли дали вреди да се даваат субвенции за земјоделците или да се пренаменат за други потреби. Па затоа, јавно го прашуваме и него: Господине Бачовски од кои пари вие им давате на земјоделците, од лично ваши или од парите кои земјоделците чесно си ги плаќаат даноците кон оваа држава? И за крај Почитувани наши Министер, Директор на платежна агенција и сите други кои земате плата од потта на земјоделецот  – едно да знаете, се’ она што ќе се случува во наредниот период со земјоделците и земјоделието во Македонија дирекно ќе оди на ваша сметка бидејќи ние можеби немаме чисти раце и лакирани чевли но знаеме дека НИЕ ја храниме оваа држава и ако нас не снема ќе ја снема и државата“, се вели во денешното соопштение од новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

Словенците бараат работници од Прилеп и Македонија

Пела Редакција

Повторно силен дожд го поплави Прилеп

РК Прилеп собир и упис во младите категории од 8 до 12 години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе