На 23.03.2022 на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ќ.(20) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кражба во двор од куќа на ул.„Димо Хаџи Димов“, сопственост на Д.Т.(46) од Прилеп, при што одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и вратнеи на сопственикот, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од полицискиот билтен уште две информации:
На 23.03.2022 во ОВР Прилеп, М.Б.(62) од с.Ропотово, прилепско, пријавил дека неговата сопруга М.М.(43) се оддалечила од домот. Таа и претходно неколку пати се оддалечувала од домот, но се враќала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.03.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од Битола, со привремен престој во Прилеп, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.