5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Пачешкоски се пофали: Двојно ја зголемивме минималната плата

Успешните економски политики на СДСМ даваат резултат, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани, вели Зоран Пачешкоски – претседател на ОО СДСМ Прилеп, кои денеска, преку изјава, (без присуство на новинарската фела, односно јавноста) им се обрати на граѓаните на Прилеп

 

„Успешните економски политики на СДСМ даваат резултат, што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани.Двојно ја зголемивме минималната плата, од 8.800 денари во времето на ВМРО ДПМНЕ до 18.000 денари а примената започнува со мартовската плата што ќе се исплати на почеток на месец април. Дополнително, на чекор сме до остварување за клучното изборно ветување за просечна плата од 30.000 денари.
Економските политики на СДСМ и владата што ја предводи, даваат резултат. Со  СДСМ платите растат многу побрзо и значително дури и во криза. Што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза за  поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани.
Платите растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на  работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните. Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе  добиваат по 3.000 денари месечно повејќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април.
Покрај покачување на пензиите и платите пример за тоа е и пакетот антикризни  мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите.
За време на ВМРО ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.800 денари а  СДСМ веќе ја покачи на 18.000 денари. Тоа јасно кажува кој се грижи за работниците и својот народ “ го пренесуваат говорот на Зоран Пачешкоски – претседател на ОО СДСМ Прилеп, од Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

ОО СДСМ Прилеп: По 40 години нова градинка

Гордана Цветаноска

Николоски: Додека не се откупи последниот кгр домашен тутун, забрана за увоз од странство

Гордана Цветаноска

Филипче и Јованоски отворено со граѓаните: „Го зголемивме животниот стандар, реализиравме многу проекти„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе