7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дали и како ќе се регулираат новите медиуми (социјалните мрежи) на македонскиот пазар?

Посетата на претседателот Пендаровски како гостин на конференцијата на тема „Дигитализација“ организирана од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје денеска беше во фокусот на новинарите во Прилеп. Ова особено што темата за дигитализација дирекно е поврзано, и ја засега работата на традиционалните медиуми и новинарите, чија што дејност, подлежи на неколку регулациони тела, за разлика од новите медиуми – социјалните мрежи, за кои практично нема никаква норматива ниту во европското ниту во македонското законодавство.

Радио Пела:

На конференцијата беше кажано дека класичните медиуми се најдобри партнери во борбата со лажните вести. Македонија има регулација за медиумите, но најголема нелојална конкуренција се социјалните мрежи. Што и како се размислува на тој план да се регулара во однос на дигитализацијата, бидејќи навистина класичните локални радиодифузери, локални радиа и ТВ во моментов имаат голем проблем за опстанок, заради таа нелојална конкуренција?

– Го чувте нашиот гостин на трибината од Франција кој е еден од најпознатите европски експерти во таа сфера. Дури и таму прават почетни обиди за да ја регулираат таа сфера на социјални медиуми за да биде во еднаква статусна ситуација ставена оваа традиционална сфера со новите медиуми. Колку што го слушнавме човекот и во Франција нема голем исчекор, за жал во меѓувреме зошто ова е сосема нов феномен. По она што го знам од преку океанот во САД дури последниве 4 до 5 години, во 2016 та ја сфатија опасноста од нерегулирање и на тој дел од медискиот пазар. Меѓутоа за жал,на паневропско ниво ние немаме паневроска директива во таа смисла, значи немаме директиви или прописи кои важат за цела ЕУ, па ние како каднидати за членство да можеме да се усогласуваме со нив. Со други зборови во многу рана фаза е регулацијата на социјалните мрежи. Јас се надевам дека ЕУ каде Франција не само заради претседавањето во овие 6 месеци,генерално предничи во овие напори и ги води напорите и во таа смисла ќе иницира неколку процеси кои понатаму другите претседавачи генерално Унијата како целина ќе го продолжат да го прават да се заокружи и нормативниот аспект на работењето на новите медиуми, како што се ставени во законски рамки и традиционалните медиуми. Во тој дел чекаме да се синхронизираат напорите еве барем на континентално ниво и да имаме легислативна рамка која што ќе може да биде применувана и во земјите кои се кандидати за членство, рече претседателот Стево Пендаровски.

На оваа тема „регулацијата на социјалните мрежи“ како што информираше прес службата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение,  денеска во Агенцијата во Скопје се одржала работна средба со Беноа Лутрел, советник од Регулаторното тело за аудиовизуелна и дигитална комуникација на Република Франција (АРКОМ). Биле споделени искуства и размислувања во повеќе сегменти, меѓу кои имплементацијата на ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, мониторингот на медиумски содржини за време на изборни процеси, забраната за реемитување на каналите каде се појавува како основач Руската Федерација или приватни лица, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Состојбата со Ковид 19 се влошува

Елизабета Филипоска

Ќе се гради хидроцентралата „Чебрен“, избрана грчка фирма за концесионер

Пела Редакција

Прилеп: Петмина оздравени, двајца новозаболени од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе