10.9 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

Започнува уништувањето на глодарите во подземната канализација и депонијата Алинци

Од утре, понеделник (од 04 .10 до 22.04 2022 ), ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп ќе ја спроведува пролетната превентивна систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци, а ќе се третираат подземниот канализационен систем во градот и градската депонија Алинци. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци ( родентициди).

За таа цел граѓаните потребно е да знаат дека во текот на извршувањто на дератизацијата не треба да бидат во близина на местото каде се спроведува дератизациониот процес. Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на отровните мамц , а потребно е да им се оневозможи контакт на домашните животни со (родентицидните ) отровните мамци.

Доколку граѓаните не се придржуваа на мерките од ЦЈЗ -Прилеп се оградуваа од секаква одговорност при појава на несакани последици.

Би можело да ве интересира

„Полска полица“ во Градската библиотека во Прилеп

Јовчески: Изградбата на кружниот тек кај Цепенков започнува идниот месец (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Три нови наплатни јавни паркинг површини

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе