5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

МЗШВ одговори на барањата од земјоделските здруженија

Земјоделските здруженија го добија одговорот од ресорното министерство (МЗШВ) на барањата на земјоделците, кои беа скроени според реалните потреби на примарните производители на повеќе средби и трибини во Пелагонија и Источна Македонија.

Ова е одговорот од МЗШВ:

Во јавното известување од земјоделските здруженија се вели: “Почитувани земјоделци
И покрај сите наши искрени намери и понудени реални а не козметички мерки за спас на државата и земјоделието во овие кризни времиња, Владата и МЗШВ за жал не смогнаа сили реално да ја проценат и увидат состојбата во која се наоѓаме и негативно одговорија на сите наши барања со одговор дека владата си има свои економски партнери, здруженија, сојузи, асоцијации, федерации од кои министерот согласно законот за земјоделство и рурален развој си формира подсекторски постојани групи со кои одржува состаноци на кои состаноци се грижат за земјоделците со свои мислења, ставови и каде се доставуваат предлози и решенија околу понудата и побарувачката како и за висината на откупните цени на земјоделските производи за тековната производна година или производната сезона земајќи ги и во предвид препораките на образовните и научните институции.
Па почитуван министер, токму поради,,успешните совети,,од сите ВАШИ екперти кои ВИЕ ги назначувате и од кои вие слушате совети успеавте заедно да го доведовте земјоделието во ситуација во која се наоѓа сега да од извозно ориентирана земјоделска држава, станеме увозно зависна и да молиме по другите држави за леб. Токму поради тоа ние бевме приморани да ви ги доставиме нашите барања кои вие така лесно ги одбивте.
Дека тоа е така ќе ви ги наброиме следните примери.
👉Тутунопроизводителите 2 години последователно производство со загуба. Доказ е повисоката производна цена од просечната цена.Организирани протести за кои владата и откупувачите немаа слух.
👉Оризопроизводителите
неколку годишно производство со загуба без пласман и ниски цени. Организирани повеќе протести за кои владата и откупувачите немат слух.
👉Лозарите неколку години имаат производство со загуба и ниски понижувачки цени.Организирани протести на кои владата и откупувачите немаат слух.
👉Производителите на жито и житни култури со години ниска откупна потценувачка цена.
👉Млеко производителите со години маргинализирани, уништен сточниот фонд во државата резултат мизерна откупна цена на млекото со години од 18 денари.Заостанати неисплатени субвенции од предходни години.
👉Одгледувачите на овци со години катастрофален откуп на јагне со цени од 160 денари.
👉Јаболко производителите во хаос без пласман и цена на јаболкото од 1.5 до 2 денари за килограм.
И да не ги набројуваме и сите останати гранки кои исто така се во незавидна катастрофална ситуација.
Уште по страшно за нас е што секоја иницијатива, поинакво видување или различно мислење од вашето, веднаш политички етикетирате и на тој начин најлесно го задушувате.
Ова е почитуван, резултатот од тие ваши таканаречени економски партнери кои се глуви на проблемите на земјоделците а покрај нив вие излегувате најглув меѓу нив.
Сите тие со кои вие правите состаноци поради нивни лични интереси немаат храброст или знаење да се спротистават на вашите лоши политики, па ги лајкнуваат вашите објави, ги споделуваат по разни групи и портали со цел да ви се додворат уште повеќе.
За жал последиците ќе бидат катастрофални не само по земјоделците, но и по граѓаните на целата држава а цената од незнаење, неспособност, некомпетентност скапо ќе ја платиме СИТЕ, ” стои во јавното реакција на земјоделските здруженија од одговорот на ресорното министерство.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор : за посетата на Прилеп, за името, сoработката со Македонија, за стипендирање на студенти , за фудбалот…

Елизабета Филипоска

Проф. Арсов: Генетиката игра важна улога во раното детектирање на ретките болести

Гордана Цветаноска

Царовска во Прилеп:„ Со јануарската пензија, пензионерите ќе добијат покачување од 700 ден“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе