Манифестација рекреативна тура „Сите на велосипед“- 2024 во Прилеп традиционално по 17 ти пат се одржа денеска во организација на Велосипедскиот клуб „Илинден“ со поддршка на Локалната самоуправа како покровител Сојузот на училишен спорт. Прилеп е град на велосипедите и покрај тоа што нема соодветна инфраструктура, па така на денеска учество зедоа неколку стотини деца и возрасни. Најмлад учесник беше шестгодишниот Даријан Ристески, а најстар учесник 81 годишниот Кирил Савески кои добија пригодни статуетки од организаторите.
