Честувањето на јубилејите училиштето го започна во четвртокот, со литературно читање, во кое зедоа учество 20 ученици, кои преку стихови го величеа делото и името на херојот, додека во петокот се одржа работилница „Фер Плеј„ чија главна тема беше насилството и правилниот начин на решавање конфликти, а учесници беа ученици од сите средни училишта во градот.
И, во рамките на фер плејот училиштето организира и спортски натпревари во одбојка помеѓу тимови формирани од средните прилепски училиште.
Со сите овие активности , училиштето СОУ „Орде Чопела„-Пилеп, само ги потврдува своите постулати во негувањето и поттикнувањето на интелектуалните, емоционалните и творечки потенцијали на учениците.
Инаку, СОУ „Орде Чопела“ е формирано во 1957 година како средно земјоделско училиште со името „Кузман Јосифовски-Питу“, а подоцна во 1960 бил формиран и хемиско-технолошкиот училишен центар „Борка Талески“. Во 1946 година е формирано средно тутунско училиште како „Орде Чопела“, подоцна со трансформација на овие три средни училишта во 1983 година се формирало едно средно стручно училиште под името „Орде Чопела“.