11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На барање на младите Крушево ќе добие „ин-аут“ кино

Младите побараа и иницираа, а советот на општината ги поддржа за создавање на кино во Крушево. Одлуката за кофинансирање на проектот за оспособување на т.н. „ин аут“ (In Out) кино во СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево беше донесена на денешната 10-та седница на Советот на општината.

Иницијативата за оспособување на едно вакво кино доаѓа од СОУ „Наум Наумовски Борче“, неформална група на млади од Крушево и организацијата Младински Сојуз – Крушево, а се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“. Амбасадата на Кралството Холандија ќе учествува во проектот со 2 000 евра, додека финансирањето од општина Крушево е 1 000 евра.

„Ги слушаме барањата на младите и драго ми е што покажуваат креативност и сакаат да го подобрат своето секојдневие со повеќе содржини и неформално образование. Советот ќе ја кофинансира реализацијата на оваа иницијатива и благодарам до советниците за поддршката.“, изјави претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.

Идејата за оспособување на кино е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ имплементиран од Граѓанската асоцијација за унапредување на развојните процеси „Про Локал“ во партнерство со општина Крушево и финансиран од Амбасадата на Кралство Холандија.

Би можело да ве интересира

Пивофест 2019 нуди и алтернатива со Јавен простор и Рум 313

Гордана Цветаноска

Земјоделска аптека Фиталија-напредни агро технологии за прилагодување на климатските промени

Пела Редакција

Пораз во Кочани за Победа – пет гола на стадионот Мантов (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе