11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Импресивни 60 фотографии од 60 учесници на изложбата „Јордан Зазоски- Зазо„

Пријателите на фотогарафијата и вљубениците во изразувањето преку фотографија вечерва беа дел од изложбата во организација на фото клубот „Прилеп„ која се организира по 9 -пат,  изложба на фотографии  „Јордан Зазоски- Зазо 2022„  која се одржа во  ЦК  Марко Цепенков.

На изложбата се изложени 60 фотографии од 60 фотографи – аматери од Прилеп кои уживаат да ги регистрираат моментите преку својот фото објектив и да создаваат фотографии за паметење.

„Изложбата секогаш содржела по 60 фотографии , но започнавме со 5 автори кои изложуваа повеќе фотографии,па 10,15 , а денес имаме 60 фотографии по една  од 60 млади фото автори. А,  можеби во иднина ќе мора да ја зголемуваме изложбата, зашто со аматерска фотографија се бават се повеќе млади луѓе. Денес Фото Клубот „Прилеп„ брои над 200 членови, што говори за интересот за создавање и креирање на фотографија„- рече Претседателот на Фото клубот Прилеп, Сашко Попоски .

Изложбата ја отвори градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој укажа дека градот ќе ги поддржува младите креативни луѓе

  „Ми беше чест вечерва да ја отворам 9-тата изложба по ред на Фото Кино клубот „Прилеп“- Јордан Зазоски Зазо 2022 година. На оваа изложба видовме прекрасни фотографии низ објективот на талентираните прилепски автори. Ваквите настани кои даваат голем придонес во афирмацијата на нашиот град секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката на Локалната самоуправа.“ – рече тој

Младите учесници на изложбата говореа за своите фотографии и за тоа зошто се бават со фотографија:

Наталија Деспоска : „Фотографијата ме инспирира и ми создава да се изнесам креативно.Го сакам тој стил на протрет,ја обожавам црно-белата фотографија. Најмногу со фотографијата се доловува карактерот на лицето ,затоа го сакам портретот.„

 

Андреј Ристески: „Оваа година се задржав на урбаната фотографија, односно „стрит фотографија„.Сакам повеќе да ги менувам стиловите. Досега немам фотографирано урбани фотографии и сакав да пробам како ќе ми оди. Ова е начин на креативно изразување на младите, за тоа како може да се искаже уметноста преку фотографијата.„

На изложбата беше присустна и сопругата на  Јордан Зазоски- Зазо, на кога му е посветена оваа изложба, Роза Зазоска . Таа посочи дека тој бил човек кој бил посветен на фотографијата ина  аматерскиот филм.Човек чиее изразување била фотографијата и камерата : „ Голема чест ми е што изложбата го носи неговот име“- рече таа

Идната година иложбата ќе биде јубилејна, а фото клубот Прилеп вети дека ќе ја одбележи со поголем број на фотографии.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Како Прилеп ќе го одбележува 3ти Ноември, Денот на ослободувањето?

Елизабета Филипоска

Одбележана 120 годишнината од смртта на Методија Патчев

Елизабета Филипоска

Била физички нападната од сопругот, кој го оштетил и нејзиното возило

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе