20.6 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп доби нови контејнери за селекција на отпад

ЈКП ,,Комуналец“ Прилеп од Министерството за животна средина и просторно планирање,  Програма за управување со посебните текови на отпад, доби донација од 59 контејнери во унифицирана плава боја за селекција на хартија и картон и во жолта боја за селекција на пластична амбалажа и оппадна рециклирачка пластика. Овие контејнери ќе бидат заменети со досегашните жичени контеjнери.

„Се замолуваат граѓаните правилно да ги користат контејнерите и во нив единствено да одлагаат отпад по вид од категоријата на картон и хартија и пластична амбалажа која го содржи знакот за рециклирачки отпаден материјал, како и отпад од пластика кој не содржи никакви други примеси. Општина Прилеп е една од ретките општини во државава која има доволно комунална инфраструктура за одлагање на отпад. Поради чистината на отпадот кој е за рециклирање, комуналниот мешан отпад да се одлага во контејнерите за таа намена. Нив ги има доволно, за сеуште некои несовесни граѓани да одлагаат, случајно или намерно, разни видови на отпад во контејнерите за селективен отпаден материјал, “посочуваат од ЈКП Комуналец.

Би можело да ве интересира

Прилеп се збратими со најголемата измирска општина Буџа

Пела Редакција

Божиќен базар со германска нота во Прилеп

Пела Редакција

Љутков: Концертот на „Танец“ е прослава на македонската култура и традиција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе