7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јакимовска: Во услови на скапа струја бараме инсталирање сопствени панели на сончева енергија

На средбта  во Стопанската Комора со претседателот Бранко Азески и претседателите на регионалните комори, Претседателката на регионалната комора од Прилеп  и менаџер на Комфи Ангел -Прилеп,  Ирена Јакимовска укажа дека компаниите се подготвени да инвестираат во фотоволтаици,  но имаат административни пречки од локалните власти. Таа изјави дека од голема помош би било ако локалната самоуправа го олесни начинот за дозволи за инсталирање сопствени панели на сончева енергија, во услови на скапа струја и најави за можен недостаток од истата.

„Само работата и пласманот може да не спасат од ваква ситуцаија. Европа има потреба од производствени капацитети на овие простори и тоа треба да го искористиме како предност. Треба заеднички да седнеме на маса и да носиме заеднички одлуки  за она што е најдобро за нашите компании, кои се борат да ја задржат ликвидноста и бројот на вработени, правиме максимилизација на ресурсите и задржување на вработените. Само така ќе можеме да го градиме животниот стандард и развојот на нашата компанија – изјави Јакимовска.

На средбата се разговарарало  за скапите суровини, скапите енергенси пред се струјата, проблемите со администрацијата од аспект на издавањето дозволи за компаниите да можат да поставуваат сопствени панели за струја во пресрет на зимата,  за можностите државата да не ги покачува даноците и другите давачки, „ натаму ,за задржување на работниците за да не ни заминат по туристичките центри, па нашиот пазар да остане покус за работна сила„ , ијавил  претседателот на Стопанската комора на Макеоднија Бранко Азески ,на средбата со претседателите на регионалните комори.

Би можело да ве интересира

Еурокомпозит доби директор на одредено време

Вредни ваучери во Авто Контрол за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Гордана Цветаноска

Поскапува горивото од полноќ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе