18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1-ви мај 2022 година (недела) е неработен ден.

Денот на трудот, односно 2-ти мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

-Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот, велат од МТСП.

За  Денот на трудот Сојузот на синдикатите најави голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос.

Со протестот ќе се изрази револтот кај работниците од незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Главното барање е најмалку 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати во приватниот и во јавниот сектор од 1 мај 2022 година, вклучително од општиот работник до претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Македонија пат: Oд превентивни причини ЗАБРАНА за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Пела Редакција

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп апелира на превентивни мерки од замрзнување на водоводните инсталации

Гордана Цветаноска

Водици 2024 Прилеп: прва среќа за 24 годишниот Влатко Орданоски

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе