11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка за порастот на цената на маслото Брилијант: Внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните

Во врска со зголемувањето на цената на маслото Брилијант денеска со изјава се огласија од Прехранбената индустрија Витаминка, во која појаснуваат:

„Првиот квартал од годинава, Витаминка како компанија покажа одговорност поради економската криза и ја здржа цената на ниско ниво долг временски период. Претходната цена на Брилијант беше 125 денари за литар, со што внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните. Но, изминативе недели ситуацијата се смени во однос на набавката на суровина од Бугарија и Украина, што останаа единствени алтернативни пазари за нас. Нерафинираното масло од овие пазари е со значително повисока цена што се одрази и врз малопродажната цена на маслото. И покрај покачувањето, цената на Брилијант е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза.

Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца цената се движеше од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи.

Поради увозот од Србија, кризата со маслото за јадење се смирува и нема потреба граѓаните да прават залихи“, се вели во изјавата од Витаминка.

Би можело да ве интересира

Дневен центар за децата болни од церебрална парализа

Елизабета Филипоска

Ревија на европскиот филм во кино „Мис Стон“ во Прилеп

Гордана Цветаноска

Царовска: Потребно е воведување на дуален систем на образование во соработка со стопанството

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе