8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Прoнајдено оружје, приведени две лица при претрес во Прилеп

Денеска (05.05.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп –
Отсек за недозволена трговија ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен еден пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Кривична за двајца службеници – не постапиле по пријава за заштита на малолетник

Пела Редакција

Пожарот ја уништи покуќнината на две прилепски семејства (ФОТО – ВИДЕО)

Никола Димески

Со украден багер копале на археолошко наоѓалиште

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе