5.6 C
Прилеп
среда, 30 април, 2025
Пела Радио

Кривична за двајца службеници – не постапиле по пријава за заштита на малолетник

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44)двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.
Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјална заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело .

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: набавката на автобусите доправа ќе се чешла!

Гордана Цветаноска

СВР Битола: Внимавајте на кого давате пари за разни услуги договорени телефонски, има појава на измамништво!

Рекордни 120 позитивни, од кои 1 од Прилеп и 3 од Општина Долнени

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе