1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Тутунарите очекуваат исплата на субвенции, а не партиски препукувања

На стартот од расадуваање на новата реколта тутунарите ја очекуваат финансиската поддршка од државата за во време на криза и секојдневно поскапување на горивата да продолжат со планираните земјоделски активности. Кочницата, за исплата на субвенциите на денешната прес конференција пратеникот Миле Талевски ја лоцираше во опозициската партија.

“ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, блокира закон за субвенциите, СДСМ ќе се спротивстави. Имено, со предлог измените на Законот треба да се отстранат административните
пречки за исплата на субвенциите за
земјоделците.
Односно, се отстранува дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат
државната финансиска поддршка,
земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Со блокадата на измените, Христијан
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите, ” посочи на прес конференција во седиштето на партијата Талевски.

Тутунарите, претставници од новоформираните здруженија сметаат дека тоа не се вистинските пречки и причини за исплата на субвенциите.

“Почитуван Миле Талевски како пратеник од општина Прилеп и Прилепско, ние тутунарите слушајќи го денес вашиот прес посветен за пречките околу исплата на субвенциите за тутун, освен политиканство и празни муабети од типот бегалецот Груевски, безидејниот Мицкоски,неуспешните градоначалници на ВМРО, не ги слушнавме пречките и причините кои ја кочат исплатата на субвенциите за тутунот. Двата услови кои ги наброивте се беспредметни. Тутунарите не подлежат на придонеси како тутунари и персоналниот данок е задржан на пресметка за исплата на тутун. Имено со субвенциите кај тутунот се е јасно: исплата по кгр. пресметано од откупувачите по класи и цена, персонален данок задржан и уплатен и евидентиран во УЈП.

Затоа во иднина кога држите прес за тутунарите, нека биде наменет за тутунарите бидејќи ние ве плаќаме да решавате проблеми, а не да ни држите предавање кој е виновен, како ВМРО кочи, а СДСМ бил и се грижел за земјоделците. Од вашата грижа субвенции не можеме да земеме.
Кога ве слушме на пресови како ни цвета земјоделието, човек ќе помисли дека земјоделците се најбогатата категорија на работници во државата. А во реалноста тешко на земјоделците од вас и вашите земјоделски политики, нема земјоделец
кој е задоволен од пласманот на било кој земјоделски производ во државата,освен оние од фамилијата кои лапаат милионски грантови во евра.Затоа тутунарите ве прашуваат конкретно и директно кога ќе се исплатат субвенциите за тутун кои се предвидени за исплата според програмата за дирекни плаќања во месец март?
А само за потсетување сега сме месец мај”, стои во реакцијата од новоформираните тутунски здруженија на прес конференцијата од пратеникот од владеачката СДСМ Миле Талевски .

Би можело да ве интересира

Водоснабдувањето во Прилеп и дефекти

Градска библиотека издаде библиографија за Коле Чашуле

Елизабета Филипоска

Седмица со 18 нови случаи на коронавирус – од денска без маски на отворено

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе