4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мирчески: тутун без пари не се сади, почитуван министер!

Координаторот на новоформирните тутунски здруженија, Игор Мирчески, јавно го повика актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николоски да се произнесе во врска со исплатата на субвенциите за предаден тутун од ланската реколта:

„Јавно ги повикувам министерот за земјоделство Љупчо Николоски и директорот на платежната агенција Никица Бачовски ВЕДНАШ да кажат : кои КОЗМЕТИЧКИ измени треба да се направат и во кој закон, за тутунарите да можат да ги земат субвенциите и ДАЛИ САМО тутунарите подлежат на тој закон кога гледаме и слушаме дека дел од земјоделците ги добиваат субвенциите. Или вистинската причина е сумата од околу 20 милиони евра која е потребна за исплата на тутунарите и во моментов тие пари ги нема во буџетот?

Па дали поради немањето на пари во буџетот ни се прават некакви манипулации за некакви законски измени и обидот топката да се префрли на други партии како евентуални кочничари на овие измени за потоа вие да излезете пред земјоделците и да се претставите како нивни спасители кога ќе обезбедите некој кредит за исплата на истите?

Министер! Ако измените се однесуваат на делот за земјоделци должници кон УЈП да можат да земат субвенции, таа одредба не може да биде пречка само за тутунарите, а за останатите не (овоштари, градинари) кои добиваат субвенции овие денови. Субвенциите ни требаат веднаш, во ек е расадување на тутунот а тутун без пари не се сади почитуван министер. И за крај –  За каква подршка на тутунарите зборувате кога не можевте да издејствувате покачување на цените на тутунот, не ги вметнавте тутунарите во мерката зелена нафта, тутунарите бараа покачување на субвенциите, а вие не можете ниту постоечките да ги исплатите. Министре, доста е од дворски игри вистината и одговорите пред тутунарите веднаш и сега!!!“, стои во реакцијата на Мирчески.

Би можело да ве интересира

Стартува издавањето на „бели картони“, откупот завршува

Гордана Цветаноска

Неофрмалната група од млади луѓе од Крушево донира компјутери

Елизабета Филипоска

Книгата „Македонци“ од Бранислав Светозаревиќ промовирана во десет градови во Германија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе