10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

ПРИЛЕПЧАНИ ДОБИЈА СЕ: ПЕХАР, АПЛАУЗИ, ПА И ТРИ БОДА

Според изреката „крајот делото го краси“, така и Победа има прекрасен крај во Втората лига – Исток. Попладнево во Виница прилепчаните кои го имаа обезбедено првото место и прволигашкиот статус, иако наизглед немаа многу мотиви за триумф, сепак со 2:1 ја совладаа домашната Слога, која со евентуална победа ќе се надеваше на второто место. Стрелци на головите за гостите Даниел Карчески во 23. минута, Атхе Мазари во 80., а за домашните Иван Митров во 36. Прилепчаните добија аплаузи не само на крајот по освојувањето на трите бода, ами и пред почетокот, кога на капитенот Карчески му беше доделен шампионскиот пехар.

 

РЕЗУЛТАТИ: Братство – Осогово 2:4, Слога – Победа 1;2, Кожуф – Беласица 1:3, Детонит – Саса 2:1, Пехчево – Локомотива 3:0.

 

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Победа 62, Беласица 59, Слога 55, Саса 45, Кожуф 37, Детонит 34, Пехчево 33, Осогово 31, Братство 15, Локомотива 7.

 

Победа е прволигаш, Беласица оди во бараж за Прва лига, Пехчево во бараж за Втора лига, отпаѓаат Осогово, Братство и Локомотива.

Извор : www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Распоред на мундијалот во Катар – Во четири термини со многу возбуда (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

РК Вардар триумфираше над Прилеп

Гордана Цветаноска

Македонските џудисти херојски во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе