3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РК Прилеп остана во Супер лига, но Кузманоски-Таста си заминува од кормилото на екипата

Вечерва во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, РК Прилеп против Струга го одигра претпоследното коло од плеј-аут сегментот на ракометната Супер лига и победи со 33:31.

Воедно ова беше и последен натпревар на екипата од оваа сезона пред своја публика, наредното последно коло екипата на РК Прилеп игра во Радовиш , а е и  последенениот натпревар пред домашната публика на тренерот Горан Кузманоски- Таста ,кој екипата ја водеше две годиниа и создаде можност да опстане во лугата и да машкиот ракомет „остане„ во градот под Марковите Кули.

Кузманоски беше поздравен од навивачите , но за неговите заслуги во клубот  му се заблагодари и  градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Кузманоски кој две години го водеше клубот и оваа година, како и минатата година,  успеа повторно да обезбеди опстанок на прилспската екипата во најелитното ракометно друштво во Супер машката Лига , и со победата на Струга се пласираа на 8 место во табелата. Но, тој го напушта клубот и ќе прифатни една од трите понуди кои ги има добиено како тренер.  Прашање е само дали ќе остане во Македонија или тренерските води ќе ги продолжи во странство.А,кој ќе биде на кормилото на РК Прилеп наредната сезона останува да одлучи раководството на клубот,кој сега треба да бара нов тренер.

 

Кузманоски во нашата емисија „Спортски журнал“ посочи дека е оставрена целта со РК Прилеп што тој ја зацртал , да остане во Супер лигата , и дека екипата и покрај тешките услови за работа се борела до крај, иако од стартот имаше најави дека ќе има проширување на лигата.

„Прилеп заслужува да има подобра спортска инфраструктура, подобри услови за тренирање. Се случи да градот нема никој слух за тоа. Влеговме во Универзала сала , но моравме повторно да се вратиме во школската сала . За жал живееме во едно опшество во кое само зборуваме , а ништо не преземаме,а сето тоа на штета на спортот,на штетеа на децата кои сакаат да спортуваат. Голем успех е што оваа година и младите беа меѓу четирите најдобри екипи , исто е и со пионерите, па Прилеп има тростурк успех, во сите три категории ракоменен успех, а дечките играат итренираа во „лоши„  услови,  во школска сала со  лоша подлога, која не е наменетаа за професионален спорт и за квалитетно тренирање. Ако се продолжи вака тешко би се одржал ракометот и другите колктивни спортови во градот. Доколку ние не ги добиеме тие сали кои ги има во Прилеп, тешко дека воиднина ќе имаме квалитетен ракомет .“- истакна Кузманоски, посочувајќи го како позитивен примерот Битола, кој со добри услови оставрува успех и ракометото го презентира и во Европа.

Горан Кузманоски – Таста го истакна задоволството од раководството на РК Прилеп, а на екипата и посака дупло поголема среќа и успех идната година.

Би можело да ве интересира

Победа почна со подготовките

Пела Редакција

Нема да се одржи џудо турнирот „Прилеп град херој„, но ќе се одбележи..

Елизабета Филипоска

Прилепските фудбалерки полусезоната ја започнаа со победа

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе