17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

ПРИЛЕПЧАНИ ОДИГРАА ШАМПИОНСКИ ВО ШТИП

Актуелниот македонски машки пингпонгарски шампион, Младост 96 ќе ја брани титулата во финалето од плеј-офот. Прилепскиот клуб ова го заслужи со денешниот триумф од 4:0 над Шампион ФА во Штип.

Поединечните победи ги постигнаа: Србинот Стефан Костадиновиќ со 3:0 над Сашко Богатинов, штипјанецот Петар Костовски со 3:0 против Филип Младеновски, Андреј Лашкоски со 3:2 над Дамјан Стојчев и повторно Костовски со 3:0 против Богатинов. Бидејќи и вчера во Прилеп победи Младост (со 4:1), екипата на тренерот Гоце Тошески е во финалето, каде ја чека Крива Паланка по триумфот врз Телеком нец 2.

Пред да се одигра финалето Младост 96 на 28 мај ќе настапи на Трофејот на Европа во Одорхеи, Романија.

Би можело да ве интересира

Капитенот на ЖФК Деспина во составот на македонската женска фудбалска репрезентација

Елизабета Филипоска

Двајца прилепски млади ракометари ги промениа дресовите од матичниот клуб

Елизабета Филипоска

ТРИ И ПОЛ ЧАСА БЕШЕ БОРБА ЗА ТИТУЛАТА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе