Крушевски матуранти од СОУ “Наум Наумоски Борче“ вечерва на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ зачекорија на црвениот тепих, каде беа пречекани од градоначалникот на Крушево,Томе Христоски, од своите наставници и пријатели. И, оваа година горди на своите ученици градот организира свечено испраќање на матурантите, (генерација 2018 – 2022), во светот на возрасните.
Во прекрасни вечерни толети, за неколку степени поелекгантни, матурантите од СОУ “Наум Наумоски Борче“ – Крушево ,преставуваа вистинска модна атракција, на која со воодушевување гледаа Крушевчани. Се чини цело Крушево беше на плоштад да ги погледне и поздрави крушевските матурантие од единственото, СОУ „Наум Наумоски Борче“ .
Матурската прослава продолжи во еден од крушевските хотели. Се играше, се пееше, матурантите се фотографираа и несебично го прикажуваа својот стајлинг додека Крушевчани љубопитно ги гледаа матурантите и матурантките кои изгледаа како да се од некој гламурозен филмски фестивал.
За секој ученик балон, шапмањ, а за младите дами ружа – џентлменски и достоинствено градоначалникот на Крушево,Томе Христоски, им ја честита матурата и им посака во иднина овие млади луѓе да станат чесни и образовани граѓани кои ќе придонесат за сопствен развој и развој на заедницата.
Директорот на училиштето, Снежана Миленковска и класните раководители – со најубави честитки до матурантите,за понатамошне развој – а се другом остана да се прераскажува во Крушево. Покрај спомените од средношколските денови, дружењето, матурската забава е настан за кој уште долго време ќе се зборува и ќе остане во сеќавање на сите Крушевчани.
Со ова замина уште една генерација матурансти од СОУ „Наум Наумоски Борче “- Крушево, кое веќе се подготвува да прими нова генерација ученици, кои ќе се едуцираат ,ќе се натпреваруваат со знаења и повторно ќе бидат гордост на учичиштето и градот.