-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

„Народен непријател“на МНТ го отвори,а „Боливуд“ на Театар „Комедија“ќе го затвори МТФ “Војдан Чернодрински

Со претставата „Народен непријател“ на МНТ синоќа во Прилеп започна 56 издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа година од 19 предложени претстави од театрите од цела Македонија избрани се 8 како  дел од официјалната конкуренција. Годинешни добитници на наградата за животно дело се актерката Бедија Беговска, доајен на турскиот театар и драмскиот писател Русомир Богдановски кои синоќа ги добија наградите , а честа први да настапат ја имаа актерите од МНТ со „Народен непријател“ од Ибзен, во режија на Нина Николиќ. .

На вториот фестивалски ден, на програмата се две претстави. Од 19 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е  претставата „My name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Бранислав Миќуновиќ,  во продукција на Драмски театар од Скопје,а од 22 часот, на матичната сцена, прилепскиот театар ќе ја одигра претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Следат „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, во изведба на Народниот театар од Битола, „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска, во изведба на Народниот театар од Струмица, „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје, „Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје, „Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиш Евтимов, во изведба на Театар Комедија од Скопје,

Фестивалот ќе трае до 9 јуни, а истиот ќе го затвори претставата „Боливуд“ на Театар „Комедија“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

СТУДЕНТСКО ЛЕТО ПОВТОРНО ГИ СОБИРА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ПЕЈАЧИ ОД ЕКС ЈУ РЕГИОНОТ

Пела Редакција

Концерт на кој ќе посакате да присуствувате за да ги чуете Чајковски, Рахманинов, Чилеа…

Елизабета Филипоска

Попоска: Дојдете на роденден со добра музика и многу гости (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе