21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

ТРИ И ПОЛ ЧАСА БЕШЕ БОРБА ЗА ТИТУЛАТА

Екипата на Крива Паланка е новиот шампион на Македонија во пинг-понг за мажи. Во пингпонгарската сала од ДТВ Партизан во Прилеп, денеска Крива Паланка со минимални 4:3 го совлада домашниот Младост 96, досегашен шампион. Тоа беше тешка, исцрпувачка борба во траење од три и пол часа. Со оглед на тоа што кривопаланчаните победија и вчера, дома, со 4:1, тие дојдоа до втората победа во серијата до два и ги освоија пехарите од ППФМ, преодниот и во трајна сопственост.

„Честитки за новиот шампион на Македонија.  Сезоната ја завршуваме без титула, но со силна екипа која диши како еден“, порачуваат од Младост 96..

Клубот Младост 96 има две вицешампионски позиции, покрај во машка, претходно освои и во женска конкуренција.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Кастратовиќ останува во РК Прилеп

Пела Редакција

По поразот од Академија Пандев, Победа ита кон второлигашкото друштво

ВЕЧЕРВА Е БОРБА ЗА ПЕХАРОТ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе