-2.6 C
Прилеп
среда, 15 јануари, 2025
Пела Радио

По поразот од Академија Пандев, Победа ита кон второлигашкото друштво

Победа е се поблиску до Втората фудбалска лига во Македонија. Денеска екипата на Победа беше поразена со 1:3 од Академија Пандев на заостанатиот меч и на пет кола до крајот.
Победата на гостите денеска ја осигураа Дориев, Мишов и Стојков а единствениот погодок за домаќините го постигна Макота за домашниот тим на Победа.
Со денешниот натпревар Победа е на дното од табелата со 23 поени, со 8 помалку од Беласица и 11 негатива зад Силекс.
Академија Пандев се наоѓа на третата позиција која води во квалификациите во Лига Европа идната сезона, односно со 11 бода повеќе од Шкупи на пет кола до крајот.
Победа за да се спаси треба да се случи навистина чудо, односно треба позитивни резултати во сите 5 натпревари до крајот, додека пак Силекс треба да загуби на четири од петте последни мечеви.

Би можело да ве интересира

На првата трка на Охрид Ултра-Треил, прилепчани со медали

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕПЧАНИ ПОРАЗЕНИ ОД ПЕНАЛ ВО СТРУГА

Гордана Цветаноска

Балканско првенство за ветерани 27 – 29 октомври 2023 година „ПРИЛЕП 2023“

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе