7.9 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Започна исплатата на субвенциите за тутун!

Според информациите од Министерството за земјоделство, објавени на социјалните мрежи, стартуваше исплатата на субвенциите за предаден тутун од ланската реколта

“✅Започна исплатата на субвенциите за тутун за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски уште на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до Министерството за финансии за исплата.

👉По информација од Министерството за финансии ве информираме дека, од денес, во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунопроизводителите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките на 17.280 тутунопроизводители, “стои во известувањето од Министерството за земјоделство.

 

Би можело да ве интересира

Форум на заедницата во Прилеп, граѓаните одлучуваат за реализација на приоритетните проекти

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

Пела Редакција

Градови во Македонија ги зафати невреме со силен дожд, грмотевици, град, поплави,…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе