11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На протест приватните здравствени стоматолошки установи и доктори по дентална медицина

Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина (ЗПЗСУ ПДДМ) в среда 15 ти јуни пред Министерството за здравство во Скопје ќе одржи протест под мотото „ Да го повратиме нашето лично достоинство и достоинството на
професијата“. Протестот е со цел  да го искажат незадоволството од крајно лошата ситуација во која се наоѓаат, како и од игнорантскиот однос на Министерот за здравство кон поднесените предлози и барања на здружението за начинот на финансирање на стоматолошка здравствена заштита.

Како што стои во соопштението клучните барања на приватните стоматолошки установи и доктори по дентална медицина се :

1. Промена на начинот на исплата во стоматологија преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите. Оваа сума да биде исплатена врз основ на постоење на тим во мрежата, согласно член 28 од Законот за здравствена заштита, а не врз основ на запишани пациенти.
– Укинување на матичен стоматолог
2. Промена на Уредбата на Владата за утврдување на мрежата – Оптимализација на
бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците /пациентите без осигурување, согласно последните демогравски податоци од пописот и
согласно светските стандарди и усвојување на методологијата за пресметка на
цени, а согласно законот за здравствена заштита член 17 став 3 од Законот за
Здравствена заштита
3. Да се зголеми буџетот за стоматологија соодветно на потребите за исплата на фиксниот дел по тим.
4. Корегирање и јасно дефинирање на постоечката листа на услуги согласно законот за здравствено осигурување .
5. Корекција на постоечкиот износ на партиципација во стоматолошката здравствена заштита согласно растот на цените за потребните материјални и основни трошоци користени при секоја интервенција или преглед.
6. На здравствените установи надвор од мрежата да им се овозможи издавање на
рецепти, упати, боледувања и да се изостави потребата од квалитетна финансиска
гаранција од ликвидна банка или хипотека на недвижен имот.
7. Поради тесната поврзаност на примарната и секундарната стоматолошка дејност,
овозможување на регистрација и функционирање на поликлиники составени од
примарна и секундарна стоматолошка дејност како и склучување на договори за
работа помеѓу приватни здравствени установи од примарна и секундарна
стоматолошка дејност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со марш и песна прилепските пензионери четврт ден протестираа

Гордана Цветаноска

Родниот град Прилеп достојно ќе го одбележи делото на Окјар, блискиот соработник на Ататурк

Гордана Цветаноска

Прилепскиот театар со „Хамлет“ ќе гостува во Загреб

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе