24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Општинскиот кризен штаб се мобилизира за заштита на имотите на граѓаните на општина Прилеп

Општинскиот кризен штаб на иницијатива на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, вчера одржа состанок на кој се разговараше за преземање превентивни мерки за спречување на евентуалните штети предизвикани од најавеното невреме кое се очекува да ја зафати нашата држава.

Членовите на Општинскиот кризен штаб разговараа за подигање на готовноста на расположливите ресурси, преземање конкретни мерки за превенирање на штети од поголеми размери, а излегоа и со препораки до граѓаните со цел полесно и поефикасно справување со последиците на поројните дождови.

За таа цел, кризниот штаб апелира до граѓаните на општина Прилеп во случај на поројни дождови, да не ги паркираат своите возила под дрвја и над водоводните и канализационите шахти.

Истовремено, од Општинскиот кризен штаб ги информираат граѓаните случаите на поплавување на подрумите и домовите, или појавите на други опасности предизвикани од временските услови, да ги пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Бојкотот од балканските земји поради високите цени во маркeтите се префрла и кај нас?!

Што нуди Прилеп за дочекот на Новата 2020 година?!

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе