3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мирчески: Време е за серизни политики, да го вратиме достоинството на земјоделецот!

Со писмена реакција за состојбите на македонското земјоделство денеска до медиумите се обрати и Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија. Ја објавуваме во целост:

„Почитувани земјоделци,почитувани тутунари како човек кој не е член на ниедна политичка партија и е координатор на новоформираните здруженија кои се формираа точно поради манипулациите кои им се правеа на тутунарите а со цел на нивна заштита ми дава за право секогаш слободно да го искажувам мојот став во врска со сите случувања во земјоделието каде вистината е дека моменталната ситуација во државата е повеќе од алармантна,да не речам катастрофална што впрочем се чувствува кај секој од нас. Како на економски,финансиски,енергетски па и на политички план,но јас ќе се фокусирам на земјоделието кое е моја сфера на интересирање.

Ситуацијата во која ни се наоѓа нашето земјоделие е очајна по нас земјоделците, каде неколку години по ред се соочуваме со ниски откупни цени на нашите производи,нерегулиран откуп а сето тоа дополнително отежнато со зголемени и високи трошоци за производство. Нашата влада која требаше да биде наш партнер во овие тешки времиња и која ќе продуцираше низа конкретни мерки за полесно да се преброди овај период не најде соодветен начин да изнајде решенија на ваквата ситуација а пожалосно е и тоа што дополнително и самата продуцира проблеми со манипулативната и нередовна исплата на финансиската поддршка(субвенциите). Поради сите овие причини крајно време е да одлучиме дали уште ќе седиме дома на фејзбук или ќе преземеме конкретни чекори со кои ќе го повратиме достоинството на земјоделецот и ќе ја спасиме од изумирање најважната стратегиска гранка во државата. Затоа почитувани мои: Доста е од политиканства, време е за сериозни политики!!! Од нас самите зависи,“ стои во писмената реакција на Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

Јанески: Редукции нема, доколку водата рационално се користи

Гордана Цветаноска

Ново амбулантно возило за болницата, донација од турската владина агенција „ТИКА“

Гордана Цветаноска

Државна помош и бескаматни кредити за земјоделците

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе