11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

MEЃУ НАЈМОЌНИТЕ ТЕКСТИЛЦИ ЗА 2021 Е ПРИЛЕПСКАТА КОМФИ АНГЕЛ СО ОСТВАРЕН ПРИХОД ОД 38,7 МИЛИОНИ ЕВРА

Иако, за многу од текстилните фабрики минатата година беше исклучително тешка, при што Државниот завод за статистика забележа дека производството на облека е намалено за 11,3 проценти, а на облека за 9,9% во однос на 2020 година, анализата што ја направи порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк, покажува дека кај најголемите комапнии се вртеле приходи од по повеќе десетици милиони евра, дека најголемата „Комфи ангел“ имала раст на прометот, но пад на добивката, како и дека најмногу и се посреќило на компанијата „Декор текстил“.

Но, компаниите со најголеми приходи, всушност не произведуваат класична облека, туку тие произведуваат постелнина, навлаки за автомобилската индустрија, или специфичен индустриски текстил.

Вкупниот промет (приход) што го направиле петте најголеми компании во текстилниот сектор бил 119,7 милиони евра, а на врвот е „Комфи ангел“ , компанија која беше прва на листата по приходи и во минатата година.  Оваа компанија лани остварила приход од 38,7 милиони евра, што е раст во однос на 2020 година кога имала 32,1 милион евра. „Комфи Ангел‟ е македонско-британска компанија основана во август 2004 година во Прилеп. Команијата вработува 845 работници. Специјализирана е за производство на перници, јоргани, прекривки, заштитници за душеци, вреќи за спиење, постелнина во различни дезени и од различни материјали.

Сопственичка на компанијата  Ирена Јакимовска, која е и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Република  Македонија, брендот  на компанијата го има поставено, и е присутн на пазарите на 30 земји.

КОМПАНИЈА ПРИХОД 2021 РАСТ НА ПРИХОДИ 2021/2020 ДОБИВКА 2021 РАСТ НА ДОБИВА 2021/2020
КОМФИ-АНГЕЛ увоз-извоз Прилеп ДОО 38,7 мил. евра +16,95% 1,8 мил.евра – 9,66%
ДЕКОР ТЕКСТИЛ ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар 22,9 мил. евра  +376,7% 1,5 мил. евра +4.814%
АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ Штип 22,5 мил. евра -12.89% 468.000 евра -69,9%
ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ Штип 20,9 мил. евра + 35,46% 5,6 милиони евра +53,18%
АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица 14,7 мил. евра -0,64% 675.000 евра – 8,04%

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА : https://pari.com.mk/najmoknite-tekstilci-za-2021/

Би можело да ве интересира

Втора обука на тема консолидација на земјоделско земјиште

Гордана Цветаноска

Митрески: Прилеп може да биде енергетски независен!

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе