Иднава сезона се чини многу ќе биде изменет играчкиот кадар на ракометниот машки суперлигаш Прилеп, споредбено со мината година. Не само што замина тренерот Горан Кузманоски – Таста, туку клубот го напиштаа и дел од играчите. Се чини за заминатите ќе треба да се најдат навистина вистински замени, бидејќи станува збор за квалитетни играчи.
Досега е познато дека клубот го напуштија двајца Грузијци – голманот Зураби Цинцадзе и левото крило Казеин Рустамов, додека останаа нивните сонародници – десното крило и нов тренер-играч, Реваз Чантурија и средниот бек Мириани Гавашелишвили. Покрај нив, заминати се уште: десниот бек Хари Павлов, пивотот Марко Трајковски, средниот бек Марио Гичев, левиот бек Даниел Андоновски.
Што се однесува до заслужниот одмор на ракометарите, најверојатно тоа ќе биде до третата декада од јули, кога клубот ќе ги почне подготовките и ќе се знае играчкиот состав.
Преземено од https://shampion.mk/