11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пцости и навреди упатил советник во Општина Охрид на новинарката Емилија Мисирлиевски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудуваат навредите и пцостите на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кој денеска ги упати кон колешката, дописничка за ТЕЛМА од Охрид, Емилија Мисирлиевски.

На телефонски поставени новинарски прашања за конфилкт на интерес за тендерите на компанијата на неговата сопруга и одлуките на Совет на општина Охрид, каде што тој е советник, Усеини днеска на колешката Мисирлиевски и возвратил на непристоен и крајно дрзок начин, со пцости и навреди кон новинарката.

ЗНМ и ССНМ алармираат дека ваков однос од советниците во локалната власт, кои се избрани и платени од страна на граѓаните, кон новинарите и медиумските работници е недозволив. Потсетуваме дека избраните функционери, како што впрочем се и советниците, имаат обврска за професионален однос кон новинарите и медиумските работници и да даваат отчет за својата работа.

Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос е и директна закана за безбедноста на новинарите, целата професија, што може да води кон самоцензура. Ваквиот однос е и удар на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес.

Апелираме во иднина, претставниците на политичките партии во општините, советниците, сериозно да поработат на односот со новинарите бидејќи токму тие се главната причина за слабото рангирање на земјата на светските индекси за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите. Новинарските здруженија не само што нема да прифатат извинување, туку очекуваме и надлежните институциите да постапат по овој случај -се вели во соопштението од медиумските здруженија.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Саем на земјоделски производи во чест на Меѓународниот ден на руралната жена (ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на “Канал 77“

Елизабета Филипоска

Градоначалникот Јованоски: „Гужвањето пред банките во услови на пандемија, е неодговорно и недозволиво„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе