11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Перканоска: Со поддршката од сопругот, целта ми е да бидам пример за моите ќерки!

Дека успешноста на една жена менаџер секогаш го има темелот во семејството, потврда е Даниела Перканоска генерален менаџер на Авто Контрол Прилеп, компанија која последниве 2 децении континуирано се надградува и развива.

На неодамнешиот избор на најдобри жени менаџерки од Македонија и регионот, во организација на Агенцијата Марили, Даниела Перканоска на прашањето колку професионалните обврски оставаат време за приватност и слободни активности, таа посочува:

„Со добра организација на работата може да се оддели време за себе, за семејството, за пријателите, за сопственото здравје и храмонија и да се биде во тек со културните настани во заедницата. Динамиката и секојдневните многубројни обврски што треба да се исполнат во еден работен ден, како на работното место, така и во рамките на семејството, ме прават сигурна, цврста, истрајна, упорна и решителна. Нашите ќерки треба да добијат правец во животот од примери што треба да ги инспирираат за да бидат најдобрата верзија од самите себе.“

Несомнено, покрај семејството, изградениот професионален  тим во Авто Контрол Прилеп е втората алка во успешната приказна на оваа компанија чии што  вистински вредности се отсликуваат и во општествената одговорност кон заедницата со покровителство на низа спортски и културни настани во регионот.

Уште еднаш честитки за Даниела Перканоска за изборот меѓу 20 најуспешни жени менаџерки во Македонија, со што потврди дека жената борец знае да го трасира и да опстои на патот од успехот.  Ова е промотивното видео од Агенцијата Марили за годинешниот избор:

 

Би можело да ве интересира

Втора фестивалса вечер со најмасовна посетеност

Гордана Цветаноска

В недела сите во еко акција за пошумување кај с. Прилепец

Пела Редакција

Еден малку – сите задно многу за да и‘ помогнеме на Весна Крстеска од Прилеп да ја победи болеста

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе