11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

По 22 години на спортскиот аеродром слета едрилица

Кога се има желба и знаење, кога се има ентузијазам, се преминуваат и препреките. Ова, важи за сѐ, а најмногу за спортот. Денеска убава вест пристигнува од тимот кој што неуморно работеше на возобновување на Спортскиот аеродром Прилеп кај Мало Коњари, кој што долги години беше запоставен и неупотреблив за аероспортови.

Но, напорите на тимот предводен од професорот Ѓорѓи Манчески, инаку вљубеник во воздухопловните спортови, вродија со плод :за прв пат после 22 години на Спортскиот Аеродром Прилеп слета Едрилица. Според објавата на социјалните мрежи станува збор за модел ASK-21 Mi (композитна моторна едрилица) во сопственост на Ѓорѓи Манчески.

Изминативе неколку месеци претходеа подготовки на пистата и објектот  на аеродромот, како и обезбедување на потребните лиценци од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Лазаров – новиот селектор на ракометната репрезентација?

Гордана Цветаноска

Победа ја продолжува агонијата – поразена од Башкими со 0-1 на свој терен

Елизабета Филипоска

Седум каратисти од „Бонсаи“ на Балканско првенство за млади категории

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе