30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прва победа по пауза од 7 години за женската фудбалска репрезентација до 17 години

Со новата селекторка Катерина Милеска – прва победа по пауза од 7 години за Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години.

Македонија 🇲🇰- Молдавија🇲🇩 4:0 (2:0)

Ова воедно е и прва победа на  Катерина Милеска како селекторка и капитенка на сениорската репрезентација.

Тоа беше одлична игра на ситe фудбалерки кои добијa шанса на овој меч, во кој беше очигледна целосната доминација и многу пропуштени шанси.

Ова е најубедлива победа во досегашната историја на У-17 на еден официјален квалификациски натпревар.

Од клубот ЖФК Деспина  дел од овој историски триумф беа фудбалерките:

-Кристина Павлоска

-Анастасија Илиевска

Исто дел од репрезентација беше и Михаела Настовска која е производ на  младинската школа, а ова лето направи трансфер и во новата сезона настапува за екипата на Ријека во Хрватска.

Честитки до сите фудбалерки, стручниот штаб и кординатор на женските селекции Петре Илиоски.

Би можело да ве интересира

Тројца натпреварувачи – три медали за ЏК Сеишин

Прилепски судии ќе судат натпревар од младинската лига на шампиони

(ВИДЕО) Бод за Победа – пораз за Големо Коњари

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе