1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Сојузот на борци формира општинска организација во Крушево, ќе работиме на промоција и заштита на наследството

Во кабинетот на градоначалникот на општина Крушево денес се одржа работен состанок со Сојузот на борци од Народноослободителната војна (СБНОВ).

На состанокот се формираше општинска организација на СБНОВ во Крушево со цел да се продолжи работата на членовите на Сојузот од Крушево. Присутните избраа претседател на организацијата и претседателство.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека ја поддржува работата на СБНОВ затоа што таа го штити наследството од еден од најважните историски периоди за државата.

Драго ми е што ќе функционираме на локално ниво и заедно ќе работиме на заштита и промоција на сите споменици, историски настани и ликови поврзани со Народноослободителна борба. Во Крушево има музеј на НОБ и затоа во работата на Сојузот на локално ниво ќе се вклучат и останати засегнати институции.“, изјави градоначалникот Христоски.

На средбата присуствуваа и Никола Стојановски, претседател на Главниот одбор на СБНОВ, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, потпретседател на Главниот одбор на СБНОВ; Наум Бурески, претседател на Градската организација на СБНОВ.

Би можело да ве интересира

Над 700 илјади евра европски средства за подобрување на активниот туризам во Крушево

Гордана Цветаноска

Препорака: Водата во општина Крушево да не се пие

Крушевчани ќе ја подржат Националната платформа за женско претприемништво

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе