10 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

КОНЦЕРТ „СО ЉУБОВ ЗА ТОШЕ“ ВО НЕГОВОТО САКАНО КРУШЕВО

И 15 години по последниот незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври.

За прв пат Крушево ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа во Крушево, со почеток во 19 часот, а дел од него ќе бидат следните музички гости: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.

Ги повикуваме сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат Ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. Неговата љубов за сите нас се уште трае и постои во секој негов стих и нота.

Би можело да ве интересира

Можна ли е смена на менаџерскиот тим на Еурокомпозит?

Гордана Цветаноска

Пустец се солидаризира со своите сограѓани погодени од разорниот земјотрес

Гордана Цветаноска

Четворица починаа, а 49 новозаразени во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе