22 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Туристичко Крушево очекува над 3 илјади гости со параглајдинг натпреварите

Со околу 100 учесници во тек е параглајдинг првенството Предсветски куп Флајмастер опен.  Гостите и учесниците на првенството кое трае до 10-ти јули се од повеќе држави од Европа.
„Ова е она за што работевме. Имаме поголемо полетувалиште кое овозможува одржување на големи првенства плус услови за рекреативни параглајдеристи кои истовремено го користат. Тука градиме и објект и генерално ги подобруваме условите, а резултатите ги гледаме ова лето. Летото навистина е исполнето со настани и многу странски туристи,“ вели  градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Ова лето само преку параглајдеризмот општина Крушево очекува повеќе од 3 000 туристи. По завршувањето на ова првенство од 14-ти јули ќе започне „Светски куп Крушево 2022“

Би можело да ве интересира

Прекин во водоснабдувањето денеска во Крушево

Пела Редакција

Збогатен шумскиот фонд во Крушево, засадени над 100 дрвца

Крушевчани ќе ја подржат Националната платформа за женско претприемништво

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе