18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

За прв пат “Фестивал на жетвата“ организира Општина Новаци

Општина Новаци оваа година за прв пат организира манифестацијата „Фестивал на жетвата„. Фестивалот започнува вечерва (вторник) и ќе трае до утре, среда, 13 јули . Се одржува во дворот и околината на манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, па домаќините планираа да прерасне во традиционален и да се одржува секоја година.

Градоначалникот  Стевче Стеваноски најави богата и интересна музичка програма , но на фестивалот  домаќините оддвоија простор и можност  над 50 фирми, главно од земјоделската дејност, да  ги изложат своите производи  и услуги и да се престават пред посетителите.

Манифестацијата „Фестивал на жетвата“ во вечерните програми и на двата фестивалски денови започнува со детска програма :  Кловнот Заги и монолошка детска претстава “И лебот доаѓа од нива”,  Детски песнички од фестивалот Тра ла ла, , Театарска школа БАБЕЦ, со детска претстава “Сонувачи” , а од вечерниот настап во музичкиот дел од фестивалот ќе настапат  КУД Новаци,  Камерниот оркестар на Битола во изведба на концертот “Засекогаш во срцата” на кој ќе настапуваат: Ламбе Алабаковски, Ѓоко Танески, Наде Талевска, Ирена Димовска и Тамара Стојковска како и групата  К4 band . Утревечер ѕвезда на вечерта е македонскиот фолк пејач, Миле Кузманоски, а на свеченото затворање на фестивалот ќе бидат доделени и  признанија на најголемите производители на земјоделски култури од општина Новаци и на сите поддржувачи и изложувачи на фестивалот .

Манифестацијата „Фестивал на жетвата“  е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Општина Новаци започна со планирање на Буџетот за 2023 година

Гордана Цветаноска

Во Новаци ќе се гради една од најголемите фотонапонски централи во државата

Гордана Цветаноска

ОПШТИНА НОВАЦИ ДОБИ ЕВРОПСКО ПРИЗНАНИЕ ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ ВО УПРАВУВАЊЕТО

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе