12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Пиво – Фест 2022 брои ситно…

Има доволно паркинг простор за љубителите на добрата забава, пиво и скара за време на Пиво – Фест 2022. Обезбедени се 12 илјади паркинг места. Цената на дневниот билет изнесува 80 денари, од кои според одлуката на Советот на општината 30 денари се наменети за хуманитарни цели. Прилепчани како добри домаќини веќе знаат дека центарот на градот од вчера, 12 ти јули па до 18 ту јули се прилагодува за потребите на манифестацијата со изменет сообраќаен режим.

Дел од од Булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ е затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа.

Веќе започна монтирањето на штандовите и платформите од пиварниците и угостителите кои за утре вечер, 14 ти јули, треба да бидат подготвени да ги пречекаат првите гости. Да потсетиме дека програмата на Фестивалот на пивото и скарата го отвора  Елена Петреска утре, четврток од 18 часот, а ќе следат Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, и како кулминација е најавен настапот на оркестарот  Џамбо Агушеви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: борбениот дух на партијата е пресликан во прилепските советници на Левица

Гордана Цветаноска

Најди време, да не биде 5 до 12 !!! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Во Пелагонија: Крушево со највисока излезност, Могила со најниска

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе