30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Дали со вториот пријателски меч, ќе се знае потесниот избор од играчи во Победа?!

Шеснаесетти ден е од подготовките на прволигашот Победа, под водство на тренерот Бобан Бабунски. Според присутноста на фудбалери, може да се каже дека тренинзите се најмасовни досега. Тука се досегашните првоимци, па има приклучени од младинскиот шампионски тим, па прилепчани кои се вратени од други клубови, како и многумина кои се дојдени на проба и се надеваат на пристапување во клубот. Има и неколку странци. Отсутни нема, бидејќи се приклучи и заздравениот Јорданчо Наумоски.Така бројот на фудбалери надминува 30, па останува да се почека каков ќе биде изборот на Стручниот штаб.

Утре (среда) е вториот пријателски меч, со прволигашот Работнички во Скопје.

Инаку, натпреварувањето во Првата фудбалска лига согласно календарот започнува на 6 и 7 август.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Екипата на Младост 96 е нов македонски шампион во пинг-понг (фото)

Како почна така и заврши дербито на дното – Победа и Скопје ги поделија бодовите (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе